
Францускиот модел и актерка Изабел Каро почина од анорексија на 28 годишна возраст. Таа била во Токио, каде имала некаков ангажман и по самото пристигнување во Франција починала. Точните причини за нејзината смтр не се познати, но познато е дека таа долго време имаше проблеми со анорексијата, која го опустоши нејзиното тело. Таа е позната на широката јавност по нејзиното учесто во рекламната кампања “Не на анорексијата”, каде беше фотографирано нејзиното голо тело.