Изумирање на тигрите за десет години?

21 ноември, 20100

Во St. Petersburg e закажана средба на експерти за диви животни на која ќе се разговара, за тоа како да се заштитат големите мачки од изумирање. Се шпекулира дека во целиот свет, има останато само околу 3.200 додека, во раните години на 20 век имало околу 100.000 тигри. Директорот на Светскиот Фонд за дивиот свет, изјави, дека до 2022 година сите ќе изумрат, ако ние не направиме нешто веднаш, за да ги заштитиме. Од 1998 година нивниот број е намален за една третина, а досега три подвида на тигрите изумреа. Тие живеат само во Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Тајланд, Виетнам и Русија. Научниците се многу исплашени и бараат ветување дека ќе се вложат максимални напори за да во 2022 година бројот на тигрите биде двојно зголемен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi