Карл Лагерфелд ќе дизајнира за Сваровски
15 декември, 20100

Карл Лагерфелд направи одлична соработка со Сваровски. Светски познатиот дизајнер кој досега има креирано за светски познатите модни куќи Шанел, Фенди и Хоган, реши своето име да го искористи и во изработка на луксузен накит. Тој дизајнирал најразлични обетки, нараквици, ѓердани, кои изгледаат доста луксузно. Во изработката користел црни камења, многу кристали и најчесто се во форма на спирали, змија и слично. Ова ќе биде лимитирана колекција која ќе се продава само во продажните места на Сваровски, а цените ќе се движат од 350 долари па нагоре.