
Двете пријателки Кортни Кокс и Џенифер Анистон ја поминаа Божиќната ноќ заедно. Во домот на Кортни се случуваше Божиќната забава во чест на нејзината шест годишна ќерка Коко. И двете пријателки имаа тешка година. Кортни, 46, се раздели од нејзиниот сопруг, а разделбата тешко ја прифатија и двајцата. Додека пак Џенифер, сеуште не успеа да ја најде вистинската љубов и по неколкуте неуспешни обиди изминатата година.