Ова џиновско куче се здоби со голема популарност не само по својата големина, туку и со однесувањето како човек. Имено, ова куче може да се пофали со своите 75 кг, и однесување кое не доликува на куче. На оваа фотографија направена во една ветеринарна болница, во Ирска, кучето се гледа како се обидува да седне на едно столче во чекалната, додека другите кучиња редот го чекаат мирно лежејќи на подот. Сопственикот истакнува дека кучето исто така седи и во афтомобилот додека патува и дома.