
Нучниците откриле дека вишокот на масти во бутовите и колковите, може да помогне во лекување на многу болести и нарушувања – од срцевото заболување артритис до дијабетес. Според научниците, во салото има извори на матични клетки во неограничени количини. Оваа теорија е поддржана од страна на професорот Малком Алисон, експерт за матични клетки ,од Лондонската школа за медицина и стоматологија. Тој вели: “Спасувањето на овие клетки е во вредност од секој напор, бидејќи научниците тврдат дека тие се многу разноврсни. Професорот Алисон вели дека луѓето треба да ги сочуваат клетките доколку се решат на таков чекор, отстранување на мсните наслаги, за во случај да заболат од дијабетес или некое срцево заболување. Тогаш ќе можат да ги употребат клетките и да си го спасат здравјето. Алисон моментално спроведува истражување за тоа како да се менуваат матичните клетки од човечки масти во клетките способени за производство на инсулин за лекување на дијабетес.