ЛШ: Репреиза на минатогодишното финале, Арсенал оди на Барселона

Денеска во Нион со жрепка се познати осминафиналните парови од Лигата на Шампионите. Во реприза на финалето од Лигата на Шампионите кое се одигра во мај месец во Мадрид, ќе се сретнат Интер и Баерн Минхен. Германскиот тим ќе има прилика уште во 1/8 финалето да бара одмазда за загубеното финале во минатата сезона. Еден од поинтересните дуели секако е и мечот на дебитантот во ова натпреварување тимот на Тотенхем и седумкратниот освојувач на Лигата на Шампионите тимот на Милан. Се чини најлошо по оваа ждрепка помина тимот на Арсенал, кој повторно во елиминационата фаза ќе игра против Барселона. Се чини најлесно поминаа другите два тима кој доаѓаат од Премиер лигата, тимовите на Челзи и Манчестер Јунајтед, кој за противници во оваа фаза ќе ги имаат ФК Копенхаген и тимот на Олимпик Марсеј. ПАРОВИ: Рома – Шахтјор, Милан – Тотенхем, Валенсија – Шалке, Интер – Баерн Минхен, Олимпик Лион – Реал Мадрид, Арсенал – Барселона, Олимпик Марсеј – Манчестер Јунајтед, Копенхаген – Челси. Натпреварите од 1/8 финалето ќе се играат на 15-16 и 22-23 февруари, а реваншите на 8-9 и 15-16 март.
Извор: Нетпрес