Интернационалниот филмски фестивал “Палм Спрингс” објави дека годинава специјалната награда “Икона”, ќе му биде доделена на Мајкал Даглас. Наградата нема да му биде доделена на церемонијата, туку порано, пред прикажувањето на “Solitary Man” на 13-ти јануари, на фестивалот Talking Pictures . Од организацијата на фестивалот велат дека наградата заслужено ќе му биде доделена на Мајкал Даглас, токму во време кога неговиот придонес во филмот и творештвото е најголем. Изјавиле дека тој едноставно е богатството на Америка. Вечерта кога ќе се прикажува “Solitary Man”, во негова чест ќе се прикажува и филм со видео материјали од досегашните снимани филмови на Мајкал.