Мајкл Џексон убиен поради музички каталог?

25 септември, 20100

М Џеј е убиен поради неговиот музички каталог, вели неговиот поранешен советник Леонард Роје. Во едно интервју во Радар Онлајн, Роје тврдел дека Џексон му спомнал: “тие го сакаат мојот каталог и ќе ме убијат поради тоа“. “Мајкл чувствуваше дека тој ќе биде убиен поради тој каталог. Кога тој ми зборуваше за тоа, јас не му обрнував внимание, но како што се разоткриваат настаните, иако јас не можев ништо да помогнам, постојано мислам на неговата реченица и сеуште ме прогонува“. Во 1985 година Џексон платил 47.5 милиони долари за да го купи издавачкиот каталог. Десет години подоцна, Sony му платиле 150 милиони долари за половина од правата. Денес, половината на Џексон се вреднува на минимум 1 милијарда долари. “Каталогот на М Џеј беше многу вреден и луѓето го сакаа тој каталог“, додава Роје. “Тоа е единствената работа која Мајкл ми ја довери, дека никогаш нема да ја продаде својата половина. Мајкл велеше дека сака да ја сочува за своите деца и без разлика низ каква финансиска ситуација поминува, тој секогаш ќе го задржи тој каталог. Јас морав да се исповедам“, додал Роје. “Мајкл не може да зборува сега, но јас можам и ќе го направам тоа. Верувам дека Мајкл и името М Џеј се вредни милијарди и милијарди, но дека и тој како личност беше вреден и многу повеќе од тоа. Она што се надевам е дека секој кој е одговорен за смртта на кралот на попот, ќе биде донесен пред лицето на правдата и осуден во судот на правото. Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, во пресрет на 50 концерти во Лондон кои беа закажани, на кои ќе направеше многу повеќе од музички камбек“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi