Едно малолетно момче од скопското село Крушопек со нож прободело друго момче од Куманово, за време на еднодневната екскурзија во скопски Сарај, соопшти денеска полизијата. Петнаесет годишниот И.Д. му се пришол на малолетникот А.Л од Крушево, без повод започнал распавија и настанала тепачка. Потоа малолетникот од Крушопек извадил нож и го прободел А.Л. во левата старана на градниот кош. Повреденото момче било пренесено во Градската болница во Скопје и поукажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.