Маски за лице од вашата кујна

14 декември, 20100
Face_Mask_White_BS

Наместо да купувате најразлични маски за лице, некогаш можеби и повеќе ќе ви помогнат намирниците од вашата кујна. Маска за лице од киви – земете киви и испасирајте со вилушка. Исцедете ја течноста, ставете една лажица мед и промешајте. Нанесете ја маската на лицето и оставете нека делува 20 минути. Маска од банана – испасирајте ја бананата, направете ја кашеста и нанесете ја на лицето. Оставете 15 –тина минути. Отстранете ја маската со помош на памук натопен со млака вода. Доколку во оваа смеса ставите и исцеден сок од лимон, ќе добиете одличен препарат за подмладување на кожата. Маска од јајца – изматете белка од јајце со една лажица шеќер. Изматената смеса, цврстиот снег, нанесето го на лицето и држете 20 минути. Отстранете ја маската со помош на влажни памукчиња. Ова е одлична маска за подмалдување на кожата, за затегање и затварање на порите. За во летниот период пак, ви ја предлагаме маската од младо сирење и јогурт. Изгмеченото сирење прелијте го со јогурт. Нанесете во дебели слоеви. Ова е одлична маска за во летните денови, после сончање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *