Мијте ги рацете, спасете живот

23 септември, 20100
mienje race

Инфекциите се појавуваат при најразлични услови, во амбулантите, институциите, болниците и во домашни услови. Постојат 4 примарни категории на инфекции, од кои повеќето се јавуваат при акутна нега, односно: инфекции при хируршки интервенции, инфекции на крвотокот преку централна поврзаност, пневмонични преку респиратори и инфекции на уринарниот тракт при употреба на катетар. Инфекциите се меѓу најголемите причинители на смрт кај луѓето. Бројот на смртни случаи во САД предизвикани од инфекции изнесува 100.000 годишно. Секоја година се пријавуваат околу 2.000.000 случаи на заразени луѓе. Според американската реинвестиција и актот за обновување, педесет милиони долари се наменети за спречување на инфекциите. Десет милиони од нив се наменети за грижа во амбулантите. Во исто време, тие се под инспекциски надзор на секои три години. Се претпоставува дека со овие процедури, случаите на инфекции ќе се намалат за 10 до 20%, во период од 2 години. Исто така, ќе се ангажираат и посебни агенции кои ќе се грижат за подобрување на квалитетот на извршување на задачите. Неодамнешните истражувања покажаа дека само 40% од пациентите ги примениле препораките од стручните лица за лична хигиена, пред се за хигиената на рацете. Овој процент мора да се зголеми во иднина, со цел да се постигнат подобри резултати во лекувањето на најразните инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi