Наместо книга за поостро казнување на педофилите, интернет продавницата Амазон во својот асортиман вклучи една контроверзна книга која на позитивен начин појаснува што е тоа педофилија. Ова предизвика бурни негативни реакции во светот, а корисниците на една од најголемите онлајн продавници се заканија дека ќе го бојкотираат купувањето, доколку контроверзната книга не се повлече од продажба. Достапноста на книгата Педофилски водич за љубов и уживање – кодекс на однесување на љубителите на деца, предизвика жестоки расправии меѓу купувачите. Авторот Filip Grivz изјавува како педофилите се неразбрани во општеството и ги советува како да останат во рамките на законот. Книгата е напишана во електронски формат и достапна е за читање само преку посебен уред Kindleа. Во делот оставен за коментари на корисниците на сајтот се истакнува дека продажбата на вакви книги кои се достапни на милион луѓе меѓу кои и деца, е најодвратно нешто и не вреди никакви пари. Од друга страна, Амазон вели дека не промовира омраза или криминално однесување, но избегнува цензура. Компанијата овозможува авторите сами да си ги стават своите книги и да се продаваат на интернет страницата и потоа да го поделат приходот од продажбата.