Најбезбедениот автомобил на светот

Има само неколку земји кои се познати по производство на автомобили. Повеќето од нив се во Европа или на далечниот Исток. Председателот Моамер Гадафи сака да ја додаде и Либија на таа листа, еве за што станува збор. Се вика Либиска Ракета. Блиски луѓе на Гадафи велат дека ова е најбезбедниот автомобил кој е направен досега, знаејќи дека Либија е една од Северно-Африканските земји каде смртноста од соообраќајни несреќи е многу голема. Автомобилот ќе се произведува во Триполи, ќе има V6 мотор со 230-hp со 5 седишта, носот и опашката ќе имаат форма на ракета. Либиската Ракета ќе има воздушни перничиња, електронски систем на одбрана и браници кои лесно се поместуваат, тоа наводно ќе помогне во случај на сообраќајна несреќа. Значи она што е “електронски систем на одбрана”? Очигледно, никој не знае што е тоа и како тоа ќе функционира. Тајната е скриена во овој автомобил.