
Најстариот корисник на Facebook е бабата Лилијан Лов која има 103 години. Таа за два месеци ќе полни 104 години. До сега најстариот корисник беше 104 годишната Ајви, но таа починала во јули. Лилијан е среќна што ја има можноста да биде дел од интернет светот, што може да комуницира со своето големо семејство и што секогаш е во тек со нивните случувања и нови фотографии. Таа сега за сега го користи iPad на својот 47 годишен внук, но ветува дека наскоро ќе си купи свој и ќе и биде на располагање цел ден.