Највлијателни филмови од 2010 година

27 декември, 20100
The-Social-Network-Movie-Poster

Годинава што измина ја одбележаа мешавина на вонземјани, суперхерои, шпиони и комедии на големиот екран но, неколку филмови ќе останат запаметени и ќе бидат гледани и следната година. Како највлијателни вилмови се прогласени:
– “The Social Network” Оваа комплексна приказна за основањето на Фејсбук ја најави сложената драма. Успехот на филмот, се мери со речиси 200 милиони до сега заработени низ целиот свет, а бројката сеуште се зголемува.
– “Inception” На генерацијата на видео игрите оваа приказна на режисерот Кристофер Нолан им го претставува врвот, додека постарата генерација, не го прими филмот онака како што се очекувало.
– “Inside Job” Во овој документарен филм, режисерот Чарлс Фергусон ја има најголемата приказна на оваа деценија за финансискиот колапс од 2008 година, и ја направи разбирлив за секој. Со помош на нараторот Мет Дејмон, тој изгради јасен случај, вклучувајќи ги и Вол Стрит, банките, владата, академските консултанти и сите останати одговорни за жал, ја претстави кашата во која се наоѓаме денес. Филмот ја побива идејата дека некои прашања се премногу големи за да се преземат.
– “Tiny Furniture” Филм во кој, почетокот воопшто не го наговестува крајот. Лена Данхам 24 годишната режисерка и писателка напиша одлична приказна која ќе остане влијателна и во 2011 година.
– “The Kids Are All Right” Комична драма која го одсликува семејството. Приказна која ги погодува хомосексуалците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi