НАСА: Докажавме дека е можен живот надвор од Земјата

2 декември, 20100

Тимот на НАСА на Земјата откри необични облици на живот, микроби кои можат да преживеат во токсичен арсен, односно да преживеат без фосфор.
Станува збор за микроби кои живеат во езерото Моно во Калифорнија. Eкспертите на НАСА земале примерок од овие микроби и го однеле на истражување во нивните лаборатории. При истражувањето тие фосфорот го замениле со високо токсичен арсен на што тие сосема се прилагодиле, а нивниот метаболизам продолжил да функционира сосема нормално. “Ја отворивме вратата на нешто што е возможно да преживее и на некоја друга планета. Откривме поинаков живот од оној на кој досега сме навикнати. Тоа значи дека постои и друг начин за нешто да одржиме во живот“, изјави еден од експертите на НАСА, Фелиса Волф, која ја откри бактеријата.
До сега се сметаше дека ниту еден облик на живот не може да преживее без фосфор. Сега се променија мислењата за тоа каде се’ може да се бараат други облици на живот. Ова е прв пат да се бараат облици на живот таму каде нема фосфор. Сите облици на живот до сега познати за Земјата, како и сите алги и билки, во својата структура имаат фосфор без што не можат да преживеат.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi