Во март, следната година во американските кина ќе биде промовирана модерна верзија на приказната за Црвенкапа, приказна која ја имаме слушнато уште од најмала возраст. Овој пат, во филмот, Црвенкапа како непријател не го има волкот, туку страшниот врколаг. Модерната верзија на Црвенкапа вклучува и сцени со секс. Amanda Seyfried, 24, која ја глуми Црвенкапа се вљубува во сиромашен столар, и таа љубов е забранета од нејзиното семејство.