Во еден кинески природен резерват, научниците го набљудувале однесувањето на мајмуните, за време на периодот за парење. Тие забележале дека и мајмуните можат да бидат хомосексуално ориентирани. Исто како и луѓето, и тие уживале во нежните прегратки и покажување љубов. Сето ова предизвикало голем интерес кај научниците. И оваа појава не била забележана само кај машкиот пол, туку имало и парови од жени љубовници.