Италијанскиот премиер Силвио Берлускони го преживеа вчерашното, досега најнеизвесното гласање за доверба на неговата влада. За подршка на владата гласале 314 пратеници, додека за смена на владата гласале 311, а двајца биле воздржани. Вчерашното гласање за доверба на владата, беше проследено со инциденти, внатре во парламентот и на самите улици низ градовите на Италија. За време на седницата избила тепачка помеѓу еден пратеник од коалицијата на власт и друг од опозицијата, али избувнување на поголем инцидент го спречиле останатите парламентарци. Во Рим околу 100.000 луѓе, поголем број на студенти и средношколци протестираа против владата и реформите во високото образование. Демонстрантите фрлале димни бомби и петарди извикувајќи дека Берлускони треба да си поднесе оставка. Центарот на престолнината бил преполн со полицијаци кои го блокирале пристапот до Сенатот и Парламентот. Демонстрации се одржале и во Палермо, Милано, Наполи, Торино, Џенова.