Ниското ниво на витаминот Д не влијае на семента течност

13 декември, 20100
vitamin-d-food-sources

Недостатокот на витамин Д во последно време се обвинуваше за се поголемиот број здравствени проблеми, но изгледа дека не влијае на квалитетот на семената течност кај мажите, утврдил еден тим на експерти од Универзитетската болница во Архус, Данска. Предходните студии укажувале на тоа дека ниското ниво на витамин Д во крвта влијае на смалување на плодноста на мажите. Покрај тоа во човечките тестиси, како и во клетките од семената течност, постојат рецептори на тој витамин, како и ензими кои го метаболизираат , што сугерира дека можеби тој има удел во создавањето и созревањето на сперматозоидите. Сесилија Рамлау Хансен и нејзините колеги од болницата во Архус во своето истражување, го споредувале нивото на витаминот Д во крвта и квалитетот на семената течност, кај повеќе од 300 Данци на возраст помеѓу 18 до 21 година. На истражувачкиот тим се покажало дека квалитетот и квантитетот на спермата кај испитаниците, не е полош од оние кои имаат недостаток на витаминот Д во крвта. Иако експертите велат дека неможе тотално да се исклучи врската меѓу витаминот Д и семената течност, поради постоење на ограничувања во секоја студија, и поради тоа што не се знае како би влијаело зимањето витамин Д во детските денови на квалитетот на семената течност во зрелите години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi