Нов бран штрајкови во Грција, Атина парализирана

13 декември, 20100
7raqdkx

Атина во вторник ќе остане без градски превоз втор ден по ред, заради штрајкот на вработените во јавниот превоз. Вчера во четири милионската грчка метропола се одржал шестчасовен штрајк. Денес Атињани ќе останат без метро, тролејбуси, автобуси и трамваи за 24 часа, објави РИА Новости. Железничкиот транспорт не функционирал од неделата, ситуацијата ќе биде таква до четврток. Исто така, и главните синдикати ќе одржат тричасовен предупредувачки штрајк во вторникот. На улица ќе излезат и вработените во државните банки. Демонстрантите се противат на мерките на владата за намалување на трошоците во замена за кредитна поддршка од Европската унија Меѓународниот монетарен фонд.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *