Нов пад на Македонската фудбалска репрезентација

17 ноември, 20100

Македонската фудбалска репрезентација бележи значителен пад на најновата ФИФА ранг-листа. Избраниците на Мирсад Јонуз се наоѓаат на 76-то место со 439 бода што е за шест позиции послабо од минатомесечното рангирање. Од противниците на нашата селекција од групата за квалификациите за Европското првенство 2012, Русија падна за три места (13 позиција), Словачка скокна за две позиции и сега е на 18-то место, Република Ирска ја задржа 32-та позиција, Ерменија е на 59-то место, а Андора е 202-ра. Меѓу првите десет репрезентации во светот, единствена промена е на десетото место на кое се најде селекцијата на Египет. Нема промени на врвот, Шпанија и понатаму е убедливо на првото место, а ја следат селекциите на Холандија, Бразил, Германија и Аргентина.

Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi