Новогодишен филм со бројни филски ѕвезди
15 декември, 20100

Новогодишната ноќ заедно ќе ја слават Хали Бери и Зак Ефрон, но најново е дека ќе им се придружи и Сара Џесика Паркер. Новиот филм кој ќе почне да се снима следната година, во фебруари месец е романтична комедија за новогодишната ноќ, кој е продолжение на филмот Денот на вљубените. Во овој филм учество ќе земат и Мишеел Фајфер, Роберт Де Ниро, Хилари Свонк, Ештон Качер, Џесика Бил, Софија Вергера, Леа Микеле.