Од машки агол, како изгледа идеалната жена

21 ноември, 20100

Еве кои работи мажите сакаат да ги видат кај својата партнерка. Со овие карактеристики тие ја опишуваат идеалната жена. Ние ги наведуваме оние карактеристики, кои се појавија како најчесто наведени од страна на анкетираните мажи. Во оваа анкета учество земале 3000 британци. Иако оваа анкета се однесува на британските мажи, сепак и оние од нашите простори не бегаат подалеку од овие барања. Па така совршената жена треба да има силен прилив на сексуален нагон. Мажите сакаат жени кои секогаш се расположени за секс. Тоа е карактеристика која ја навеле најголем број испитаници. Да може да се спреми за неколку минути пред излегување. Тие чекањето со саати, за да се спреми нивната партнерка, го наведуваат како едно од нештата кое може да ги извади од такт. Жените кои имаат мали но цврсти гради, добро обликуван задник, и долга бујна коса се дефинитивно најпривлечни. Сакаат жени кои се доволно самоуверени и кои можат да си дозволат да излезат од дома без шминка. Совршената жена, според мажите никогаш не треба да биде опседната со диети и некакви режими на исхрана. Следењето на спортски натпревари и спортскиот дух е далеку попривлечно, одколку гледањето сапунски серии и ријалити шоуа. И она најинтересното, мажите сакаат партерка која ќе ги сака нивните пријатели, ќе ги стимулира нивните средби, но таа да не биде дел од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *