
По напорниот ден, вашите нозе заслужуваат малку нега и внимание. Припремете си купка за стапалата која ќе ви го опушти целото тело. Исцедете сок од два свежи лимони и додадете две лажици слатка павлака. Во оваа смеса додадете и неколку капки етерично масло со база на лаванда. Сѐ тоа ставете го во топлата вода и покиснете ги стапалата, и држете ги во водата половина час. Доколку некогаш немате многу време за купка, тогаш ќе си помогнете и само со лимон. По туширањето, измасирајте ги стапалата со сок од лимон, а воедно ќе направите и нивна дезинфекција.