Откажан концертот на Kings of Leon во Лондон поради пожар во нивниот автобус
21 декември, 20100

Бендот Kings of Leon мораше да го откаже најавениот концерт во Лондон заради пожарот кој изби во автобусот со кој тие патувале. Пожарот бил голем, и на негово гаснење работеле 60 пожарникари од Лондонската противпожарна екипа. Двајца членови од екипата биле повредени, а останатие имале сериозно труење од чадот. Портпаролот на Лондонската протибпожарна изјавил дека најголем проблем имале со густиот чад. Но, сепак на крајот успеале да го санираат пожарот и несреќата да заврши без жртви.