На поранешниот фронтмен на Блек Сабат, Ози Озборн, ќе му биде тестиран геномот подложен на разни тестови, за да се види како тој е сеуште жив после долги години употреба на дроги и алкохол. Ози ќе биде еден од неколкуте луѓе во светот, чиј геном ќе биде целосно тестиран од страна на научниците. Користејќи примероци од неговата крв, американската компанија Кном се надева дека ќе се подобри нивното разбирање за тоа како некои луѓе можат да живеат долго со бурна употреба на пороци, а други не. Трошоците за истражувањето изнесуваат 27 илјади фунти, а резултатите од тестирањата се очекуваат за три месеци. “Секвенционирање и анализирање на луѓе со екстремна медицинска историја има најголем научен потенцијал на вредност”, изјави Натан Пирсон, директор на истражувањето во Кном. Ози, познат по својот див рокенрол стил, неодамна се опиша себеси како медицинско чудо, бидејќи лумпува повеќе од 40 години, а сеуште е здрав.