Панамскиот канал затворен по 20 години поради поплавите

8 декември, 20100

Панамскиот канал за прв пат по 20 години е затворен поради обилните дождови кои предизвикале поплави, во кои најмалку осум лица го загубија животот. Последен пат Панамскиот канал беше затворен на 20 декември 1989 година, кога американската војска изврши инвазија врз земјата за да го сруши панамскиот диктатор Мануел Нориега. “Ова е прв пат каналот кој ги спојува Атланскиот и Тихиот океан, да е затворен заради временските услови“, изјавил панамскиот претседател Рикардо Мартинели, јавува “Асошиејтед Прес“. Американската агенција наведува дека околу пет отсто од светскиот поморски сообраќај се одвива преку каналот, а САД се главен корисник на Панамскиот канал. Претседателот Мартинели додал дека осум лица го изгубиле животот во поплавите и дека повеќе од 1.000 лица во Панама се евакуирани заради поплавите за кои официјалните извештаи наведуваат дека станува збор за историски поплави.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber