По “Викиликс“ следува “Опенликс“

16 декември, 20100
openleaks

Веб страната која го разбранува светот доби конкуренција – новиот портал е “Опенлинкс“, а иницијаторот е Германецот Даниел Домшајт Берг, кој некогаш соработувал со Џулијан Асанж. Името на Даниел Домшајт Берг на интернет е познато како човекот кој се одвои од “Викиликс“ и основал паралелен портал “Опенлинкс“.
Она кое што на Берг му пречело бил монополот кој го создаде “Викиликс“. Со основањето на сопствен веб портал Берг сака на интернет сцената да наметне повеќе квалитет и квантитет, без одрекувања од првобитната идеја. Берг за својот портал изјавил дека “станува збор за сосема поинаков концепт од оној на “Викиликс“, луѓето кои сакаат да објават сочни информации, сега можат да го сторат тоа“. “Тоа можат да го сторат класичните медиуми или пак невладините организации. Сите оние организации и синдикати кои настојуваат независно да ја контролираат индустријата сега ќе можат да го сторат тоа. Ќе се обидеме да поставиме основ за отварање на повеќе вакви портали во иднина“, изјавил Берг.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *