Почина џинот на американската дипломатија, Ричард Холбрук

13 декември, 20100
Richard-Holbrooke

Американскиот дипломат Ричард Холбрук починал вчеравечер во 69-та година од животот, по две тешки операции на срцето, со што ја изгуби својата последна битка, јавуваат светските агенции, пренесува Нетпрес. Претседателот на САД Барак Обама го нарекол “вистински гигант на американската дипломатија“. Уште во петокот, пред неколку дена, Холбрук како Специјален американски известувач за Пакистан и Авганистан бил во Стејт департментот во Вашингтон на состанок со државниот секретар Хилари Клинтон, кога и му се слошило. Веднаш бил префрлен во Универзитетската болница “Џорџ Вашингтон“, каде докторите цели 20 часа се обидувале да му ја санираат пукнатата аорта, но неговата состојба останала критична и по операцијата. Холбрук е роден на 24 април 1941 година во Њујорк, а својата дипломатска кариера ја почнал на 21 година во Виетнам, благодарејќи на познавањето на виетнамскиот јазик. Со 35 години станал помошник на американскиот државен секретар за азиски прашања, во мандатот на претседателот Џими Картер. За време на мандатот на Холбрук САД ги нормализирале дипломатските односи со Кина. Тој своевремено бил директор и на банката “Леман Брадерс“, но набргу потоа американскиот претседател Бил Клинтон, во 1993 година, го именувал за амбасадор на САД во Германија. Во 1995 година станува помошник на државниот секретар за европски прашања. Во тоа својство патуваше и во поранешна Југославија за заживување на мировните преговори. Тој е идејниот творец на Дејтонскиот мировен договор, со кој беше окончана крвавата војна во Босна и Херцеговина. Дејтонскиот мировен договор се смета во САД за еден од најголемите дипломатски успеси на американската дипломатија. Во тоа време, Холбрук во својата земја доби надимак “Балкански Кисинџер“. Од 1999 до 2001 година, ја извршувал функцијата амбасадор во Обединетите Нации. Бил и советник за време на изборната кампања на сенаторот Џон Кери во 2004 година. Потоа се приклучил во кампањата на Хилари Клинтон и станува нејзин главен советник за надворешна политика. Претседателот Барак Обама во јануари 2009 година го назначува на должност во Белата куќа на местото специјален пратеник на САД во реон на војните против талибанците. Ричард Холбрук беше оженет со познатата американска новинарка Кати Мартон, која го водеше Меѓународниот комитет за заштита на новинарите со седиште во Њујорк. Холбрук ќе биде запаметен и како еден од најголемите пријатели на Македонија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma