Почина првиот донатор на органи во светот
29 декември, 20100

Човекот кој се смета за првиот донатор на органи во светот Роналд Ли Херик почина во болница во американската држава Мејн. Херик имаше 79 години, а пред 56 години го донирал бубрегот на својот брат близнак. Операцијата била изведена во Бостон 23-ти декември 1954. година. Хирургот кој ја предводеше операцијата, Јосиф Мареј, подоцна добитник на Нобеловата награда.