Почина Тена Мари, калифорниската кралица на соул музиката
26 декември, 20100

R&B соул пејачка Тена Мари беше пронајдена мртва во својот кревет во нејзиниот дом во Калифорнија вчера. Таа имаше 54 годиниа, а беше позната како “челичната кралица на соул музиката” која сними 13 албуми, вклучувајќи ги хитовите Lovergirl, Fire and Desire, Square Biz. За неа се говореше дека е “црнечки вокал заробен во бело тело”.”Таа беше еден од најголемите пејачи на нашето време”, изјавила Кети Хјуз. Причината за смртта се уште не е утврдена, но полицијата соопшти дека најверојатно се работи за природна смрт.