Попладневна дремка за подобра меморија

14 ноември, 20100

Попладневнaта дремка не само што ќе Ве освежи, туку позитивно ќе влијае и на вашите ментални способности. Резултатите од истражувањето на американските научници покажаа дека спиењето има регенеративни ефекти по пролонгирани периоди на будна состојба. Професор по психологија на Универзитетот во Berkly, направил едно испитување во кое биле тестирани 39 млади луѓе, кои биле поделени во две групи.На пладне сите учесници биле подложни на ментални тестови, посветени особено на активирање на хипокампусот, област од мозокот кој помага да се зачуваат информации. И двете групи имале идентични резултати. Во 14 часот, една од групите имала одмор, потрошен на спиење со времетраење од 90 минути, а другата група останала будна. Подоцна истиот ден, во 18 часот, сите учесници биле тестирани повторно. Учесниците што спиеле многу подобро реагирале, тие дури ги подобриле своите резултати. Овие резултати се во согласност со хипотезата дека сонот е потребен за да се направи простор во краткорочната меморија на мозокот за нови информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi