Пронајдена супа стара 2400 години
13 декември, 20100
![2,400-year-old-soup-found-in-NW-China5](https://popara.mk/wp-content/uploads/2010/12/2400-year-old-soup-found-in-NW-China5-610x269.jpg)
Кинеските археолози пранашле бронзен лонец во кој, како што веруваат тие се наоѓа супа која била зготвена пред 2400 години. Лонецот е најден додека се ископувале гробови во околината на древната кинеска престолнина Сијан. Ова е прв пат во кинеската археолошка историја да се пронајдена супа од коски, изјавил Liju Daijun од археолошкиот институт. Ова откритие особено ќе им биде корисно во изучување на прехрамбените навики од периодот од 5 до 3 век пред нашата ера. Течноста ќе биде анализирана за да се утврди кои се состојките во неа и да се потврди дека станува збор за супа.