Холандскиот бренд Suit Supply подигна огромна прашина со својата рекламна кампања (Shameless), во која полуголи жени се прикажани како сексуални играчки на мажите. Оној познат трик, сексот продава се, искористен е и во оваа ситуација, а многумина луѓе веќе ги осудија фотографиите за невкусни и сексистички.