
Прекувременото работење може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, но според едно ново истражување, можете да останете во форма и да ги елиминирате ризиците.
Луѓето што работат повеќе од 45 часа неделно, имаат два пати поголем ризик од кардиоваскуларна смртност во споредба со оние кои работат со нормално работно време или помалку од 40 часа неделно, изјавува авторот на истражувањето Андреас Холтерман. Доколку сте во добра форма и спортувате, тогаш прекумерните работни часови нема да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Во фокусот на истражувањето биле 5000 бели мажи, со старост помеѓу 40 и 59 години и биле следени повеќе од 30 години, така што податоците произнесени од ова истражување се валидни. Работењето на дополнителни часови го оптеретува кардиоваскуларниот систем и го забрзува нервниот систем, предизвикувајќи зголемување на пулсот и притисокот. Но, ако сте во добра кондициона форма, организмот многу побрзо закрепнува. Затоа, ако работите прекувремено, ризикот од кардиоваскуларни заболувања ќе го намалите со активно спортување, се разбира, доколку најдете време за тоа.