Рамос: Им се извинувам на Чави и Пујол

1 декември, 20100

Пред медиумите денеска излезе Серџо Рамос, за многуминатрагичарот на “Ел Класико” во кое во понеделник, неговиот тим загуби од Барселона со 5-0. Освен неколкуте лоши потези Рамос се истакна и со пргавоста која особено ескалираше пред самиот крај на мечот кога со рака в лице го подгурна соиграчот од шпанската репрезентација, капитенот на Барселона, Карлес Пујол. “Телефонски им се јавив на Пујол и на Џави и им се извинив.”
За самиот пораз во дербито изјавил:
“Боли. На нарушивме сликата за тимот и ги натеравме навивачите да страдаат. Сега повеќе од било кога мораме да ја покажеме гордоста која го краси Реал Мадрид, не заборавајте, ова беше меч за три бода, а лигата е долга. Мора да признаеме дека Барса во понеделникот не надигра и им честитам за прикажаната игра. Останува на нас да продолжиме напорно да работиме.”

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi