Реина: Меси е покомплетен играч од Роналдо

22 ноември, 20100

Голманот на Ливерпул, Пепе Реина пред “Ел Класико” открил како гледа на двајцата веројатно најдобри фудбалери на светот, Лео Меси и Кристијано Роналдо. “Барселона е благ фаворит бидејќи игра на свој терен и мислам дека ќе има доста погодоци. Кога играат пред 100.000 навивачи, тешко е да им се спротистават. Сепак, мечот е тежок за типување. Меси и Роналдо се одлични играчи, но Аргентинецот е по мој вкус. Покомплетен играч е од Роналдо. Но, тоа е само моето мислење.” – рекол Реина. Голманот на шпанската репрезентација се осврнал и на работата на Жозе Мурињо во Реал. “Тој е голем тренер кој освои толку многу. Секогаш околу себе има одлични играчи. Дури изјави дека би сакал и некој од неговите играчи да ја освои Златната топка. Лично, би сакал мојот пријател Икер Касиљас да го освои тоа признание, иако поголеми шанси имаат Чави и Иниеста.” – додал Реина.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber