
Рејчел Вајс е новата Бонд девојка. Но, во реалниот живот на сегашниот Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег. По снимањето на филмот “Куќа од соништата”, парот ги демантираа гласините дека тие се во врска. Но, Дејли меил известува дека парот има изнајмено викендица и зимава ја поминуваат таму. Често биле гледани во локалниот паб, каде не се двоеле еден од друг, постојано имале за што да разговараат, разменувале нежни погледи, прегратки. Сведоците раскажувале за нивната хемија и за тоа како тие двајцата изгледале како романтична двојка од филм.