Оваа година на доделувањето на награди на Златен Глобус на 16 ти јануари, наградата за животно дело ќе ја добие Robert De Niro, изјави актерот Kevin Spacey. Имено, тој ќе биде оној кој ќе му ја врачи наградата. Исто така најавил и дека веќе има спремено мала точка во која ќе го претстави De Niro во вистинско светло. Тој досега имаше осум номинации на Златен Глобус, и во категориите драма и комедија, освојувајќи награда за “Raging Bull.” Предходни добитници на оваа награда се Barbra Streisand, Al Pacino, Michael Douglas, Steven Spielberg.