
Ал Пачино и Џо Пески ќе се приклучат на Роберт Де Ниро во криминалната драма Ирецот. Во режија на Мартин Скорсезе, Ирецот, ќе биде причина за деветти пат Де Ниро да соработува со легендарниот афтор. Се шпекулира дека во овој проект на Мартин Скорсезе, ќе бидат приклучени и двајцата познати актери Пачино и Пески. Но, во интервјуто за МТВ тој го потврди само ангажманот на Роберт Де Ниро. Се прашуваме само дали и Шерон Стун ќе биде приклучена во овој проект, знаејќи дека таа работела заедно со Де Ниро и Пески во филмот Казино во 1995 година.