Роберт Лерој Џонсон – Господарот на блузот

22 ноември, 20100

Овој американски блуз пејач и музичар со неговите снимки од 1936 до 1937 година остави извонредена комбинација на пеење, гитарски вештини и талент за пишување текстови. Легендата Роберт Џонсон кој потекнува од Мисисипи, неговите песни, вокалното изразување, остави влијание врз генерации на музичари, иако тој работеше многу кратко време, заради прераната смрт во 27-та година од неговиот живот. Тој денеска се смета за господар на блуз музиката, особено на неговиот карактеристичен Делта блуз стил. Ерик Клептон и многу други денешни музичари ќе речат дека тој е еден од најважните блуз автори кои некогаш твореле. Роберт Џонсон беше вметнат во Rock and Roll Hall of Fame во 1986 година и беше рангиран на 5-тото место на Ролинг Стоунс листата за најдобри гитаристи. Иако има оставено мал музички опус, сепак вреди да се преслушуваат неговите дела од време навреме. Неговите најпопуларни песни се Sweet Home Chicago и Crossroads. Неговата музика е достапна на следниот линк.

линк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi