Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Ваква одлука донела ФИФА синоќа во Цирих, Швајцарија. “Првенството ќе се одвива на највисоко ниво, ќе биде осигурен и безвизен режим, односно сите посетители, слободно ќе можат да се движат по градовите на земјата домаќин, и секако безбедноста ќе биде на највисоко ниво“, изјавил премиерот на Русија, Владимир Путин по прогласувањето на победата во Цирих. Путин одлетал за Цирих веднаш по прогласувањето на Русија за земја домаќин на мундијалот. Според досегашните проценки на Русија, таа планирала да потроши три пати повеќе пари од основната сума која треба да ја вложи.
Извор: Нетпрес