САД ќе ја тужат “Бритиш петрлолеум“

15 декември, 20100
1281326412-63

Американската влада поднела тужба против британската нафтена корпорација “БП“ и неколку други корпорации поради испуштање на нафта во Мексиканскиот залив. Во тужбата поднесена во Њу Орлеанс, Министерството за правда ја обвинува компанијата “БП“ и нејзините партнери дека не ги преземале “потребните мерки на претпазливост“ за да ја спречат експлозијата до која дошло на 20 април. По експлозијата нафтата течела цели три месеци, создавајќи ја најголемата нафтена дамка во историјата на САД, проценета на околу 4,9 милиони барел сурова нафта. Во тужбата се бара од судот парично да ја казни компанијата според Законот за чистота на водата, и да ја прогласи за виновна и да надомести за штетата, според Законот за загадување со нафта. Од компанијата “БП“ изјавиле дека веќе исплатиле 4, 2 милијарди долари отштета и дека се согласиле да дадат и 20 милијарди долари во посебен американски фонд за заштита од загадување. Компанијата проценила дека вкупните трошоци кои таа треба да ги исплати изнесувале некаде околу 40 милијарди долари.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma