Државата знаела дека геј парадата во Белград ќе предизвика конфликти. Безбедносните служби предупредиле дека геј парадата може да доведе до крвопролевања, но власта под притисок на ЕУ сепак решила да ризикува. Резултатот на крај сепак беше поразителен: повредено повеќе од 150 лица, уапсени 249 демонстранти, а материјалната штета се проценува на повеќе од милион евра. Службите за безбедност направиле проценки и кажале дека е постои висок безбедносен ризик. Пред одржувањето на манифестацијата била одржана седница на советот за национална безбедност, но сепак државниот врв поради барањата на ЕУ ја одобриле геј парадата.