Себастијан Фетел ја освои титулата светски шампион во Формула 1, откако стигна прв на последната трка во сезоната која се возеше за Големата награда на Абу Даби. Фетел стана и најмладиот шампион во историјата на Формула 1. Второто и третото место ги освоија болидите на Мекларен, Луис Хамилтон и Џејсон Батон. Фернандо Алонсо трката ја заврши дури на седната позиција.