Шапњолка сопственичка на Сонцето

28 ноември, 20100

После милијарди години, сонцето конечно му припаѓаат на некој, бидејќи се појави една жена од Шпанија кај нотар и рече дека е сопственик на централната ѕвезда на сончевиот систем, соопшти локалниот весник De Vos Galisija. Јас сум споственик на Сонцето, ѕвездите од спектарната класа на Г2 која е во средината на Сончевиот систем, на одалеченост од Земјата за околку 149,6 милиони километри, се наведува во документот. Новата сопственичка на Сонцето, Анхелес Дуран, објаснила за локалниот весник, дека постои меѓународна конвенција по која не е дозволено земјите да бидат сопственици на планетите. Но, таа истакнала дека конвенцијата не се однесува за поединци, и дека некој Американец кај нотар се стекнал со документ во кој си го присвојува Марс и скоро сите други планети, но не и Сонцето. Анхелес Дуран која живее во мало градче во северозападна Шпанија, тврди дека станала споственичка на Сонцето, бидејќи пет милијарди години не е познат ниту еден друг сопственик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *