Во рамките на кампањата Жртвување на дигиталниот живот славните личности на први декември на Светскиот ден на борба против сидата ќе ги угаснат своите страници на Твитер и Фејсбук. Своите профили повторно ќе ги активираат кога фондација Да го спасиме животот на детето ќе собере милион долари. Во кампањата што ја покренала хуманитарната организација на пејачката Алиша Кис се вклучиле Џенифер Хадсон, Џастин Тимберлејк, Ашер, Леди Гага, Серена Вилијамс, сестрите Кардашијан.
За таа цел биле снимени видео спотови, во кои ѕвездите се појавувале во сандаци и на впечатлив начин га прикажувале својата “дигитална смрт“. Собраните средства ќе бидат дадени на семејства загрозени од вирусот на сида од Африка и Индија.
Извор: Нетпрес