Steffi Laier WMX светски шампион

22 септември, 20100
09-mxplanet-ernee-086

Втора светска титула за Германката Стефи Лаер, возач на Red Bull KTM тимот во женскиот шампионат. Со 299 освоени поени, односно 46 поени разлика од второпласираната Ливиа Ланселот, исто така од тимот на KTM, е навистина голем успех. Французинката Ланселот ја освои првата светска титула во 2008-та година, но поради сериозна повреда на рамото мораше поголемиот дел од 2009 година да закрепнува. Ова е комплетен сет на титули за KTM, заедно со победите на Тони Кајроли и Марвин Маскин во MX1 и MX2 категориите. Лаер (25), од вкупно 14 индивидуални големи мото награди, победи на 7 и ја обезбеди титулата. Таа завршуваше четири пати на 2-ро место и еднаш 3-то место. Единствениот пат кога не заврши меѓу првите 3 беше во Германија, кога поради две незгоди на тренингот, на главната трка настапуваше со мал потрес на главата. После ударите во нејзиниот шлем од тројца возачи, таа зачудувачки брзо закрепна и заврши на 5-то место, како доказ на нејзината упорност, вештина и волја за победа на шампионатот. Стефи Лаер е официјалниот херој на KTM годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *